Skip to main content

ЈП Градски пазар Охрид

ЈП Градски Пазар Охрид издава локација на Кеј Македонија за урбана опрема за забава

Пријавите треба да се достават најкасно до 31.07.2023 година (понеделник) до 11:00 часот.
 |  инфодеск  | 
Улица кеј Македонија

ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за поставување урбана опрема за забава на отворено. Предмет на огласот е локација за поставување урбана опрема на Кеј Македонија. Просторот се издава за времетраење од 01.08.2023 до 31.08.2023 година.

Пријавите треба да се достават најкасно до 31.07.2023 година (понеделник) до 11:00 часот.

Сите детали од огласот и графички приказ на локацијата ТУКА

За повеќе информации заинтересираните може да се обратат секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.