ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на земјоделски и млечни производи
ЈП „Градски пазар“ Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.
ЈП „Градски пазар“ Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.
Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:
- Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчии и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
- Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани.
- Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.
При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места како и Одлуката за цени и критериуми за распределба на тезги.
Комплетната документација да се достави во затворен плик до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид со назнака “За Оглас-продажно место – Тезга”, каде ќе биде заверено со датум, час и потпис ,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци.
Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието и да има комплетна документација.
Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.
Огласот се однесува за периодот од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година, а пријавувањето трае од 20.12.2021 – 31.12.2021 година.
Непотполни, ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување. Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид или на тел.046/266-600 – велат од ЈП „Градски пазар“ Охрид.