Skip to main content

Нов затворен пазар

ЈП Градски пазар издава тезги под закуп

ЈП „Градски Пазар“ Охрид објави Оглас за издавање тезги под закуп. Огласот трае од 15-ти до 31-ви декември 2022 година.
 |  инфодеск  | 
Затворен пазар

ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава под закуп продажно место-тезга за продажба на земјоделски производи, продажно место-тезга за продажба на јајца, продажно место-тезга за продажба на млеко и млечни производи и плац пред дуќан во Новиот Затворен пазар.

Сите лица кои се заинтересирани и сакаат да изнајмат продажно место под закуп треба да достават потребни документи:

  • Физичките лица треба да достава потврда од Министерство за земјоделство за регистрирани земјоделци или потврда од УЈП за регистрирани занаетчи и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со личен потпис, со прецизиран бр.на тезга за која се заинтересирани.
  • Правните лица потребно е да достават Решение од Централен регистар не постар од 6 (шест) месеци и исто така Барањата кои ќе ги доставуваат да бидат заверени со потпис и печат, со прецизиран бр.на тезга за кој се заинтересирани.
  • Копија од Лична карта на подносителот на Барањето.

При поднесувањето на Барање заинтересираните ќе ги имаат на увид Шематскиот распоред на продажните места како и Одлуката за цени и критериуми за распределба на тезги.

Комплетната документација да се достави во затворен плик до Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид со назнака “За Оглас-продажно место – Тезга”, каде ќе биде заверено со датум,час и потпис,а на барателот ќе му биде издаден приемен лист со исти податоци.

Како еден од клучните критериумите за разгледување на барањето е да нема долг кон Претпријатието и да има комплетна документација.

Продажните места (Тезги) од бр. 1 до бр. 4 и од бр.13 до бр.16 задолжително се издаваат заедно со мал плац во близина на тезгата.

Огласот се однесува за периодот од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година.

Огласот за пријавување трае од 15.12.2022 – 31.12.2022 година.

Непотполни, ненавремени и неисправни Барања, нема да биде предмет на разгледување.

Дополнителни информации може да се добијат во просториите на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР-Охрид.