ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за издавање локации за подвижна урбана опрема
Локациите ќе се издаваат за периодот од 15 јули до 30 септември 2026 година.

ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за издавање простор – локации за поставување урбана опрема за комерцијално користење.
Предмет на огласот се пет локации за станици за подвижна урбана опрема, кои се наоѓаат на улицата „Кеј Македонија“.
Локациите ќе се издаваат за периодот од 15 јули до 30 септември 2026 година.
Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите заинтересираните субјекти можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП Градски Пазар Охрид или секој работен ден, во периодот од 07:00 до 15:00 часот, во просториите на претпријатието.
Во продолжение следува целиот текст од огласот ТУКА.






