ЈП Градски Пазар Охрид објави Оглас за издавање простор – локација за урбана опрема – покриен шанк за комерцијално користење.
Просторот локација за урбана опрема – покриен шанк ќе се издава за времетраење од 01.07.2023 до 31.10.2023 година.
За користење на простор од 20 м2 , почетна цена по м2 е 1.500,00 денари или 30.000,00 денари месечно.
Отворањето и разгледувањето на пријавите ќе се врши од страна на комисија формирана со решение од страна на директорот на ЈП Градски Пазар во просторија на закуподавачот без присуство на подносителите на пријавите. За констатираната состојба, комисијата има обврска да изготви записник.На јавното електронско наддавање – лицитацијата може да учествуваат само понудувачите кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас.
Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk .
Краен рок за доставување на понудите е 20.06.2023 година (вторник) до 11:00 часот.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на локациите, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
Целиот оглас ТУКА.