Skip to main content

ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење

ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

 |   | 

ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

 

I. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири -__

на ул. „Македонија„ – вкупно _ 14

Пешачка патека Студенчишта –Парк- вкупно 4

 

Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опремате се дадени во изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2021 година.

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 6(шест) месеци.

 

II. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:

урбана опрема 4 м² за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 8.000.оо (осум илјади) денари.

 

урбана опрема 2.2 м² за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари .

 

2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

 

2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.

Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.

Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.

Должни се да обезбедат времено броило(приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот.

Паушалот за надомест на вода, редовно да го сервисираат кон ЈП Водовод Охрид.

Комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба.

Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

 

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

Трошокот за комунална такса изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.

Договорот со најповолните понудувачи за точка I ќe се склучуваат за период од 6 (шест) месеци.

 

IП. Доставување на понуди

3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

1. Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)

2. Физичко лице кое е жител на општина Охрид

 

На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

Право на учество на јавниот повик немаат:

Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

3.2 Понудувачот треба да достави:

 

Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/

Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000 оо (три илјади) денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

жиро с-ка 210-06616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид

 

За правни субјекти

Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),

Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при опшгина Охрид);

Фотокопија од лична карта на управителот

 

За физички лица

Фотокопија од лична карта

Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

 

IV. Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

„НЕ OTBOPAJ“

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на урбана опрема бр. 04/2021

Дел: , урбана опрема бр.

(се внесува делот и бројот на урбана опрема за кoj пoнyдyвaчот учествува,

НА ПРИМЕР I — продажба на храна, урбана опрема бр. 5)

ул: „Булевар Туристичка“ 6p.79 Охрид

 

НAПOMEНA:

Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

 

“НE OTBOPAJ“

„Да не се отвора пред 25.05.2021 Оглас бp.04/2021

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на

урбана опрема бр. 04/2021

 

Дел: , урбана опрема бр.

(се внесува делот и бројот на урбана опрема за кој

 

понудувачот учествува)

ул “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена состава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

 

V.Начин на отворање

 

Понудите да се достават најдоцна до 25.05.2021 г во 12.00 часот.

 

Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди

Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање

За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги

исполнил условите предвидени во точка 3.2.

 

VI. Предмет на јавно наддавање

Предмет на јавното наддавање е шест месечната конечна цена, т.е за период од 6(шест) месеци

XI.Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.

Пред склучувањето на Договорот , понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката , вклучувајќи ја и комуналната такса.

По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”

Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

 

Комисија за спроведување на поставка

за издавање на урбана опрема со

Решение бр. 03-230/1од _12.05.2021 г

 

1. Наташа Стерјовска-Претседател

2. Костадинка Трајаноска-член

3. Гордана Малеска- член

и нивни заменици

1. Боро Павлоски-заменик претседател

2. Мириша Парталко-член

3. Соња Недеска-член