Skip to main content

Подигнување на еколошката свест кај народот

ЈП Колекторски систем го честита Светскиот ден на водите со силна порака

ЈП Колекторски систем на граѓаните им го честита денот со силна порака за подигнување на еколошката свест кај народот и зачувување на чистотата на природата и водите.
 |  инфодеск  | 
Пречистителна станица

Денес, 22-ри март, се одбележува Светскиот ден на водите. ЈП Колекторски систем на граѓаните им го честита денот со силна порака за подигнување на еколошката свест кај народот и зачувување на чистотата на природата и водите. Охрид, како град распослан на вода, се гордее со можноста да биде нарекуван град на Охридското Езеро, велат од ЈП Колекторски систем.

ЈП Колекторски системи е јавно претпријатие, чие поле на работа и интерес се токму водите. Од 2019 година, кога од Владата беа доделени 4,2 милиони евра отпочна санацијата после 40 години неодржуван колектор. Оттогаш па се’ до денес претпријатието превзема голем број активности, како што се:

-снимање, чистење и вовлекување цевка во цевка по најнова ЦИПП метода без ископување

– решавање на 4 локации каде имаше излевање фекалии директно во водите на Езерото

– репарирани на 20 комплети полжни пумпи и ставање во маџ. капацитет сите препумпни станици

– чистење на секундарна канализација- 8км во Охрид и 6км во Струга

– чистење на собирни базени на препумпни станици – промена на нови потопни пумпи со сопствени секачи на три препумпни места со што се намали проблемот со запушување на пумпите со влажни марамици

– снимање и чистење на цевковод

– поставување на фрекфентна регулација и автоматика на 5 препумпни станици (режим на работа според нивото на отпадна вода)

– санација на пречистителна станица и ставање во функција на скоро 90% од нејзиниот капацитет

Оваа година претпријатието доби нови 40.400.000,00 денари од Влада на РСМ за продолжување со санација. Следно ќе се работи на решавање на проблемот кај реката Грашница кој нажалост постои 30 години, премин преку река Црн Дрим и продолжување со вовлекување на цевка во цевка – додаваат оттаму.

ЈП Колекторски ситем и понатаму ќе продолжи посветено да работи на грижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадни води, со цел избегнување на сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини во неговото опкружување.