јп колекторски систем
ЈП Колекторски систем: Каллива вода од градежни активности истекува во Охридско Езеро, не станува збор за фекалии
Најново соопштение од ЈП Колекторски систем Скопје, подружница Охрид.
Од ЈП „Колекторски систем“ Скопје, подружница Охрид ги известуваат граѓаните на Охрид дека калливата вода која истекува и се испушта во Охридското Езеро потекнува од исцрпување на вода настаната од градежните активности кои се изведуваат над бензинската пумпа на „Лук Оил“ на булевар „Туристичка“ во Охрид.
Од таму додаваат дека на лице место на терен излезени се надлежниот Инспекторат, екипи на ЈП „Нискоградба“ и екипи на ЈП „Колекторски систем“.


