Skip to main content

ЈП за комунална дејност “Дебрца” информира за зголемена наплата

ЈП за комунална дејност “Дебрца” вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
Logo

ЈП за комунална дејност “Дебрца” вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад.

bagerВо почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност “Дебрца”. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери како и од ангажраноста и посветеноста на целиот персонал на ЈПК “Дебрца“, информираат од ЈП за комунална дејност “Дебрца”.

„Воедно ги повикуваме нередовните плаќачи да го подмират долгот, за да не прземеме непопуларни мерки за присилна наплата на потрошената вода и депонираниот отпад, а долгот може да се подмири на рати“, велат од ЈП-е.

Во наредниот период се планираат низа активности како чистење на речните корита, и канали, чистење на диви депонии и др, се со цел подобрување на условите за живеење во Општина Дебарца.

{loadposition content9}