Skip to main content

ЈП „Охридски Комуналец“: Пожарот што избувна на депонијата „Буково“ е локализиран

Екипите остануваат на терен за следење на состојбата и навремено реагирање доколку се појават нови жаришта.
 |  инфодеск  | 

Пожарот што избувна на депонијата „Буково“ е локализиран, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Во гаснењето на пожарот биле ангажирани екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и цистерна на јавното претпријатие.

Екипите постојано беа на терен, активно работејќи на гаснење на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Дополнително, на депонијата е направен пресек со цел да се спречи ширењето на огнот кон останатиот дел од депонијата, велат од претпријатието.

Додаваат дека континуирано се носат и дополнителни количини земја, која се користи за покривање и задушување на жариштата, согласно состојбата на теренот и потребите од интервенцијата. Со овие мерки се работи на целосно задушување на пожарот и спречување на негово повторно активирање.

Екипите остануваат на терен за следење на состојбата и навремено реагирање доколку се појават нови жаришта.