Со сопствени средства, ЈП „Нискоградба“ Охрид набави багер – натоварувач. Во кругот на јавното претпријатие денеска беше извршена презентација за можностите на возилото.
Вредноста на багерот изнесува околу 7 милиони денари.
„За споредба во минатото за потребите на јавното претпријатие се ангажираше ваква механизација која чинеше околу 3 милиони денари годишно, што значи дека со средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација за околу 2 години, ние набавивме исти таков багер кој ќе остане во сопственост на ЈП „Нискоградба“. – вели градоначалникот Кирил Пецаков.
Со подобрувањето на механизацијата кај ова јавно претпријатие, значително ќе се подобри и ефикасноста и експедитивноста во реализацијата на проектите.