Skip to main content

ЈП „ Нискоградба“ започна со чистење на атмосферскиот и фекалниот градски систем

ЈП „ Нискоградба“ започна со чистење на атмосферскиот и фекалниот градски систем.

 |  Валентина Неловска  | 

Екипи на ЈП „Нискоградба“ на целата територија на општина Охрид започнаа со чистење на атмосферската и канализационата мрежа. Започнаа од централното градско подрачје за кое велат дека има мошне критични точки, а ќе продолжат и кон периферните делови од градот.

„За да функционира подобро целиот систем и цевководот за одведување на отпадните води годинава ќе се прави поопсежно чистење. Бидејќи во изминатиот период се направи скенирање и се утврдија  некој точки  кои се покритични со цел да нема проблеми во иднина се прави ова чистење. На дел од критичните точки ќе се направи и реконструкција и други зафати со цел да се избегнат тие црни точки во иднина“, подвлекува Каневче.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да внимаваат какви одпатодци фрлаат во системот, никако да не фрлаат отпадоци  кои не се распаѓаат, посебно влажни марамчиња и тампони.  Повикуваат станоиздавачите и угостителите во централното градско подрачје со поставени ознаки во тоалетите да ги предупредуваат гостите како се однесуваат кон канализациониот систем.

„Имаме лоцирано проблематични точки во централното градаско подрачје  од големиот број на гости во сметсувачките капацитети, а и од гостите во кафетериите и рестораните, на улицата Никола Карев кај маркетот Тинекс, на улицата Ариф Мустафа, Ристо Чадо. Има и на други  места каде што треба да се внимава повеќе. Со заедничка помош на граѓаните во иднина ќе се намалат тие проблеми и  ќе имаме нормално функционирање на системот“, посочува Каневче.
 
Kаневче напомeнува дека на терен ќе бидат ангажирани две екипи кои ќе прават физичко чистење, а по потреба ќе се ангажираат и екипи за профилактичко чистење со црево. Повикуваат граѓаните да се јавуваат на нивниот телфонски број за секој проблем или дефект за нивните служби веднаш да интервенираат. Дојава примиле и за дефeкт во близина на MЈП Прoaква за пукната канализациона цевка за која ветуваат итно санирање.