Skip to main content

ЈП Охридски комуналец доби „пајак“ возило


ЈП Охридски комуналец доби „пајак“ возило. Возилото е донација од ЈП Паркинзи од град Скопје. Комуналец по налог на полицијата  со две возила  ќе интервенира во ставање ред во  соообраќајот , а ќе го користи и за сопствени потреби. 

 |  Валентина Неловска  | 

ЈП„ Охридски комуналец“ доби пајак возило. ЈП Паркинзи од град Скопје како донација отстапи пајак возило на град Охрид. Комуналец, сега со две возила, ќе ги засили интервенциите по налог на сообраќајната полиција за непрописно паркирање на возилата. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец се заблагодарува на донацијата од град Скопје на специјалното возило кое ќе се користи за нивни интерни потреби, но и за подигање на возила кои не ги почитувале сообрќајните прописи.

„Сето тоа значи таа дејност ќе ја работиме со две возила со што бројот на неправилно паркирани возила и културата во сообраќајот ќе бидат на повисоко ниво за град Охрид и туристите кои доаѓаат. Паркинг просторот е посебно голем проблем во летниот период“, напоменува Грданоски.

Досега ЈП и охридската сообраќајна полиција за справување со сообраќајните нерегуларности како што е непрописното паркирање се справуваа со едно возило. Пајак возилото работи секој ден , освен во недела , информира Грданоски.

„ Во просек се подигнуваат од 5 до 6 возила во денот. Тоа зависи од сообраќајната полиција. Ние работиме по нивен налог и тоа што полицијата на смена ќе го наложи до нашите вработени тие интервенираат .Ние наплаќаме за нашата услуга. Сметам дека иако е казнена политика за граѓаните ќе придонесе за унапредување на културата во возење и паркирање“, вели Грданоски.

Граѓаните кои се огрешиле во сообраќајните прописи и направиле прекршок со непрописно паркирање и задржување за подигнување на возилата плаќаат по 2.200 денари . Од ЈП напоменуваат дека нивна цел не е прибирање на приходи по овој основ туку дека се само сервис на полицијата. Пајак возилот го употребуваат и за нивни интерни потреби како што се подигање жардинери или поставуавње на метални огради при одржување на концерти, како и за други потреби.