Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

ЈП Охридски Комуналец: Граѓаните од Стар Град да го почитуваат комуналниот ред

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид со апел до граѓаните и правните субјекти на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад.
 |  инфодеск  | 
стар град паркирање

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид со апел до граѓаните и правните субјекти на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад.

-Правните субјекти задолжително имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најкасно до 06:00 часот наутро. Доколку отпадот се остави надвор од пропишаниот термин или несоодветно депониран, согласно законските обврски ќе интервенира и постапи Комуналниот инспекторат при што ќе биде изречена соодветна санкција. Граѓаните комуналниот отпад уредно спакуван да го депонираат на определени места за оваа намена или во кантите за отпад во точно определените денови за дадениот реон најкасно до 06:00 часот наутро. Граѓаните кои поседуваат викенд-станови и приватните станоиздавачи да ги информираат своите гости за комуналниот ред, се вели во соопштението од претпријатието.