Skip to main content

ЈП „Охридски комуналец“

ЈП „Охридски Комуналец“ ќе го подига отпадот со закаснување поради топлотниот бран

Промената на динамиката на подигнување на отпадот е наметната заради посебните мерки за работа во услови на портокалова фаза на опасност од високите температури.
 |  инфодеск  | 
Охридски комуналец

ЈП „Охридски Комуналец“ има измени во динамиката на подигнување на комуналниот отпад поради топлотниот бран кој го зафати деновиве и охридскиот регион.

„Ги известуваме граѓаните на општина Охрид, корисници на нашите услуги, дека заради посебните мерки за превенирање на последиците од топлотниот бран, во овие денови подигнувањето на комуналниот отпад на одредени места од општина Охрид и приградските населби, ќе се одвива со закаснување. “ – соопштија од јавното претпријатие.

Оттаму бараат разбирање од страна на граѓаните за динамиката на подигнување на отпадот која е наметната заради посебните мерки за работа во услови на портокалова фаза на опасност од високите температури.