
Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека се мапирани дури 16 мини-депонии, а подигнати 36м3 кабаст и зелен отпад.


Во нивното соопштение додаваат дека со вонреден ангажман на дежурните служби и ангажирање на специјална механизација расчистени дури 16 мини-депонии на различни локации во градот каде се подигнати се 36м3 кабаст и зелен отпад.


–Овие слики кои не можеме да ги избегнеме, ги фрлаат во вода сите наши напори и организирани акции за чист град и урбана средина која сите ја посакуваме и заслужуваме, се вели во соопштението од ЈП Охридски Комуналец.

