Skip to main content

Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид

Ј.П.,,Охридски Комуналец”: Не можеме да расчистиме мини-депонии колку што граѓаните можат повторно да ги создадат

Потсетување за граѓаните кои имаат потреба за депонирање на кабаст и зелен отпад да ги контактираат на дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21.00 часот.
 |  инфодеск  | 

Ј.П.,,Охридски Комуналец” со објава дека не може да расчисти мини-депонии колку што граѓаните можат да создадат, повторно и повторно.

-Не измина нецел месец откако објавивме за нашите активности за расчистување диви депонии во населбите Даљан и Лабино, каде се подигнати големи количини кабаст и зелен отпад, ситуацијата денес непроменета на истите локации, како да не сме го подигнале сиот отпад кој претходно беше расфрлан. Денеска повторно интервениравме за расчистување на истите локации. Од личната одговорност и еко-свест на секој поединец зависи во каква животна средина ќе живееме, зошто последиците остануваат за сите нас, велат од јавното претпријатие.

Потсетување за граѓаните кои имаат потреба за депонирање на кабаст и зелен отпад да ги контактираат на дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21.00 часот.