Skip to main content

ЈП „Охридски комуналец“ ќе го поднови возниот парк

Комуналното претпријатие ке го возобновува возниот парк. Годинава ќе бидат набавени шест нови возила за подигнување и транспорт на отпад. Екипите на ЈП Охридски Комуналец изминатата година подигната 1128 м3 на градежен шут и 896 м3 на кабаст отпад.
 |  инфодеск  | 

Оваа година ЈП Охридски Комуналец ќе го возобнови возниот парк. Ќе бидат набавени шест нови возила преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион. Возилата ќе бидат со капацитет од 8 и 14 кубици и значително ќе ја олеснат работата на јавното претпријатие.

ЈП Охридски Комуналец располага со 11 специјални возила за подигање и транспорт на отпад плус две возила за Стар град и машини и возила за кабаст отпад.

„Обезбедени се средства преку министерството за животна средина ќе добиеме шест возила со кои ќе ни се олесни работата подигањето na отпадот, поготово во летниот период. Пет возила ќе бидат наменски за подигање транспорт на комунален отпад, а едно за подигање на зелен отпад.“ – вели Стевчо Маслов, шеф на јавна хигиена.

Екипите на ЈП Охридски Комуналец изминатата година подигнаa 1128 м3 градежен шут и 896 м3 кабаст отпад. За жал се уште е ниска свеста за рециклирање и селекција на отпадот.

„ Имаме 40 островца каде што имаме садови за селекција на отпад рециклирање на пластика и хартија, но количината која се собира е многу минорна сопоредбено на количината која завршува на депонија. Само ќе ви појаснам во минатата 2024 година имаме подигнато околу 26 тона хартија и само 1,5 тони пластика.. Селектирање треба во самото домакинство и правните субјекти и сега сме во фаза добивме 1200 канти за 600 домакинста за селетирање на пластика и хартија. Потребна ни е посебна регулатива со која смаиот граѓанин ќе мора да врши селекција.“– додава Маслов.

Најгорлив проблем е ниската еколошка свест кај граѓаните. Потребни се едукативни кампањи но и законска регулатива со построга казнена политика.

Новинар Соња Рилковска