Од ЈП Охридски Комуналец информираат дека започнуваат со активностите за проширување на мрежата за примарна селекција на отпад во домаќинствата.
-Досега во оваа мрежа се опфатени над 300 домаќинства коишто имаат добиено канти за селекција на пластика и картон/хартија. Сите граѓани коишто ќе имаат можност да се приклучат на оваа мрежа во следната фаза на спроведување на системот за управување со отпад ќе бидат благовремено известени, велат во нивното соопштение.
За сите прашања во врска со селекцијата на отпад на територијата на општина Охрид, сите заинтересирани можат да се обратат на нивниот зелен телефон: 076/355-327.