Skip to main content

Ј.П.„Охридски Комуналец”

ЈП„Охридски Комуналец” со апел до граѓаните од У.З. Стар Град да го почитуваат комуналниот ред

Од таму апелираат до граѓаните комуналниот отпад уредно да го депонираат на определени места за оваа намена во точно определените денови за дадениот реон и во периодот од 22.00 часот до 07.00 часот.
 |  инфодеск  | 
Охридски комуналец

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад

Од таму апелираат до граѓаните комуналниот отпад уредно да го депонираат на определени места за оваа намена во точно определените денови за дадениот реон и во периодот од 22.00 часот до 07.00 часот.

Додаваат дека граѓаните кои поседуваат објекти за издавање на туристи треба да ги информираат своите гости за комуналниот ред за да се избегнат непријатните слики и ситуации со кои секојдневно се соочени нивните дежурни служби и дека секое непочитување на комуналниот ред и депонирање на комуналниот отпад надвор од пропишаните термини ќе биде санкционирано согласно Законот за јавна чистота.