Skip to main content

Квалитетно водоснабдување за сите корисници

ЈП Водовод интервенираше на повеќе локации

„Водовод“ интервенираше на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.
 |  инфодеск  | 
ЈП Водовод

Екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 17-ти до 23-ти Октомври, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.

Отстранети беа дефекти на следните улици : „Ванчо Питошески”, „Дејан Војвода”, „Македонски Просветители”, „Мирче Ацев”, „Расадник“, „Ѓорче Петров”, „Димо Хаџи Димов”, село Горно Лакочереј, „Железничка” (Дебрца Експрес), „Дејан Војвода” бр.109, „Климентов Универзитет”, село Велгошти, „Живко Чинго”, „Будва”, „7 ноември“, „Дејан Војвода” (кај дистрибуција).

Екипите во мрежа ги приклучија и објектите на улиците “Расадник” и “Дејан Војвода”, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.