ЈП ВОДОВОД – Охрид: Макотрпно работиме во интерес на граѓаните и на подобрување на сѐ што упропасти СДСМ

Ни грам срам немате, па уште се дрзнувате да ги напаѓате вработените во ЈП ВОДОВОД-Охрид, кои со надчовечки напори до раните утрински часови макотрпно работеа на санација на дефектот, реагираат од јавното претпријатие во врска со соопштението на СДСМ Охрид за вчерашниот прекин во водоснабдувањето.
„Дополнително уште кажувате, Ве цитираме: „На секој чекор дефекти на улиците…” Ова господа од СДС се случува единствено поради вашата негрижа додека го менаџиравте ЈП ВОДОВОД-Охрид. Единствено нешто што во тој момент за вас беше важно, беше како да го упропастите ова јавно претпријатие, неводејќи никаква грижа при што успеавте ново формирано јавно претпријатие за една година работа да генерира долг од 1 милион евра. Охриѓани може да бидат спокојни, бидејќи ако вакви или помали дефекти се случуваа во време кога вие менаџиравте, Охрид ќе останеше без водоснабдување со денови, ако не и со недели, бидејќи во тој период не ни знаевте кој ви се вработените за да може да формирате тим за интервенции.“ – стои во реакцијата од ЈП ВОДОВОД – Охрид.
Од ЈП ВОДОВОД-Охрид потенцираат дека ќе продолжат макотрпно да работат во интерес на граѓаните и на подобрување на сето она што, според нив, СДСМ успеале да го упропастат.