Skip to main content

ЈП Градски Пазар Охрид

ЈП Градски Пазар доби донација на канти за селекција на органски отпад 

ЈП Градски Пазар доби донација на канти за селекција на органски отпад од организацијата „AGRO Ecolife – Ohrid”.
 |  инфодеск  | 

Канти за селекција на органски отпад, кој е клучен во процесот на компостирањето, доби ЈП Градски Пазар како донација во рамки на проектот „Процес на компостирање за одржливост“ кој го спроведува во соработка со организацијата „AGRO Ecolife – Ohrid”. Проектот е поддржан од Американската амбасада во Скопје.

-Како одговорен партнер, посветени сме на промовирање на еко-пријателски практики и подигање на свеста за селекција на отпадот во нашата заедница. Овој проект е уште еден чекор напред во нашите заложби за заштита на животната средина и поттикнување одржлив развој. Преку оваа соработка, одржавме практична обука за компостирање,и тренинг сесија, во ЈП Градски Пазар Охрид со цел да се научи правилно управување со органски отпад и негова трансформација во корисен компост, – информираат од претпријатието.