Skip to main content

ЈП Градски пазар – Охрид

ЈП Градски пазар објави оглас за локации за продажба на пченки, костени, семки

Урбаната опрема се издава за продажба на пченки, костени, семки и др.производи на 13 локации на Кеј Македонија и Плоштад Крушевска Република.
 |  инфодеск  | 
пченки и костени

ЈП Градски Пазар Охрид објавува оглас за издавање на времено користење на површини за поставување подвижна урбана опрема за комерцијално користење.

Урбаната опрема се издава за продажба на пченки, костени, семки и др.производи на 13 локации на Кеј Македонија и Плоштад Крушевска Република.

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од  15.06.2023 до 15.09.2023 година.

Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација и секое физичко лице кое е жител на општина Охрид. На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

Огласот трае до 05.06.2023 год. до 12.00 часот.

По евалуација на доставените понуди ке се одржи електронско Јавно наддавање.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

Целосниот ОГЛАС можете да го најдете ТУКА.