Skip to main content

Џуди Денч е Philomena

Наредната недела на кино репертоарот на  Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  ќе биде филмот „Филомена“ („Philomena“).

 |  Голабовски Крсте  | 
philomena
филомена

Наредната недела на кино репертоарот на  Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид  ќе биде филмот „Филомена“ („Philomena“).

philomenaПроекции ќе има на 20-ти, 21-ви и 22-ри мај 2014 година, со почеток во 20 часот.

Овaa драмај е во режија на Стивен Фреарс и е вистинска уверлива приказна за човечката љубов и за загубата, суштински славејќи го животот. Филмот раскажува за новинар што пишува за политички теми. Тој случајно наоѓа жена која се вика Филомена и која е во потрага по својот син. Филомена забременила како тинејџерка, во Ирска, 1952 година. Поради осудата на околината која ја нарекла жена без морал, детето ѝ е одземено и е дадено на посвојување во Соединетите Американски Држави. Наредните 50 години Филомена ги поминува во потрага по своето дете, а сега заедно со новинарот тргнуваат на пат за Америка.

Во филмот играат актерите Џуди Денч, Стив Куган, Софи Кенеди Кларк.

Влезниците за филмот ќе чинат 50 денари.

{loadposition content9}