Во јули 204.336 туристи престојувале во Македонија
Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2 отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.
И во јули најмногу туристи имало од Турција (53.296) и Србија (10.402). Следат Полска со 4.445 туристи и Романија со 3.995 и Германија со 3.318 туристи. Вкупно 123.931 туристи престојувале покрај езерата, додека 50.168 го посетиле Скопје.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 13,7 отсто.
Во првите седум месеци од годинава, пак, бројот на ноќевања е зголемен за 6,1 процент во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 2,7 проценти, а кај странските има зголемување за 9,7 отсто.