Бројот на одобренијата за градење во јуни 2025 година на ниво на државата е зголемен за 15.1 % во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за стстистика.
Во јуни во Охрид издадени се три одобренија за градење од кои на два објекти инвеститор е деловен субјект. Во општините Дебрца и Вевчани издадено е по едно одбрение за градење, а во општина Струга во јуни не е издадено одобрение за градба.
Според издадените одобренија за градење, на ниво на државата предвидената вредност на објектите кои ќе се градат изнесува 4,8 милијарди денари, што е за 47.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120се наменети за објекти од високоградба, 37 за објекти од нискоградба и 56 за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 260 станови со вкупна корисна површина од 25 680 м2.