Skip to main content

ЈУНП Галичица

ЈУНП Галичица продолжува да ги затегнува мерките за заштита на шумите од пожар

Од ЈУНП Галичица изразуваат благодарност кон посетителите на паркот за соработката и разбирањето во чување на природата.
 |  инфодеск  | 
Галичица засилени контроли

Со оглед на ризиците од пожари, а во светло на случувањата во регионот на битолско со подметнување на пожари, ЈУНП Галичица продолжува да ги затегнува мерките за безбедност.

Изминатиов период се спроведуваат засилени активности во насока на 24-часовна заштита на шумите во паркот.

Воведени се две вонредни патроли на сите влезови, поинтензивна контрола на главните влезови: Велестово, Дервен, Царина, непрекинат надзор во паркот на лица и возила, редовни проверки на високите точки за потенцијални пожари.

Дел од активностите се спроведуваат во соработка со Граничната полиција и други органи.

Од ЈУНП Галичица изразуваат благодарност кон посетителите на паркот за соработката и разбирањето во чување на природата.

НП Галичица воведува вонредни патроли и поригорозна контрола на посетители на паркот | Портал ТВМ (tvm.mk)