ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација на ФИБЕРЕНДОСКОПСКИ АПАРАТ за одделот за ОРЛ , со вредност од околу 12.000 €.
Директорот Д-р. Асен Шајн кажа дека оваа донација е од огромно значење како за болницата така и за пациентите.
Раковододителот на одделот изјави дека Фиберендоскопијата овозможува брза, лесна и точна дијагностика при отоларинголошки преглед. Дијагностиката е безболна и краткотраја со минимална соработка на пациентот.
Денес флексибилната оптичка ендоскопија претставува златен стандард во дијагностика на болести на нос и грло. Исто така се користи за дијагностика кај деца, за рано откривање на зголемен трет крајник.
Фиберендоскопијата служи за дијагностика на:
– Воспаление на нос и синуси
– Алергиски болести на нос и синуси
– Хипертрофија на трет крајник
– Болести на еустахиева туба и средно уво
– Тумори на нос, синуси и фарингс
– Носни полипози
– Болести на гласни жици и грло