Skip to main content

ЈЗУ Општа Болница Охрид доби значајна донација

Фиберендоскопијата овозможува брза, лесна и точна дијагностика при отоларинголошки преглед. Дијагностиката е безболна и краткотраја со минимална соработка на пациентот.
 |  инфодеск  | 

ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација на ФИБЕРЕНДОСКОПСКИ АПАРАТ за одделот за ОРЛ , со вредност од околу 12.000 €.

Директорот Д-р. Асен Шајн кажа дека оваа донација е од огромно значење како за болницата така и за пациентите.

Раковододителот на одделот изјави дека Фиберендоскопијата овозможува брза, лесна и точна дијагностика при отоларинголошки преглед. Дијагностиката е безболна и краткотраја со минимална соработка на пациентот.

Денес флексибилната оптичка ендоскопија претставува златен стандард во дијагностика на болести на нос и грло. Исто така се користи за дијагностика кај деца, за рано откривање на зголемен трет крајник.

Фиберендоскопијата служи за дијагностика на:

– Воспаление на нос и синуси

– Алергиски болести на нос и синуси

– Хипертрофија на трет крајник

– Болести на еустахиева туба и средно уво

– Тумори на нос, синуси и фарингс

– Носни полипози

– Болести на гласни жици и грло