Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека врз основа на извршениот инспекциски надзор од страна на Државниот архив на РСМ и по добиениот указ и насоки, В.Д. Директорот спец. Др. Горан Маркоски, согласно законите формираше Комисија за одбирање и евидентирање на архивскиот материјал, која имаше задолжение да го одберат и издвојат архивскиот материјал, да одредат рокови за негово чување, да документираат рокови за уништување, да изработат опис и попис на архивскиот материјал. По извршувањето на задолженијата, Комисијата имаше задача да изготви и достави до Архивот на РСМ, барање согласност за уништување на класифицираниот материјал.


Во нивното доопштение се додаваа дека беа мапирани сите простории во ЈЗУ Општа болница Охрид, каде се чуваше архивски материјал и се екипираа по групи и тоа: архива до морга бр. 1, архива до морга бр. 2, архива до перална, архива – котлара, архива – геријатрија и АТД диспанзер.
-Комисијата изврши попис и опис на материјалот односно го издвои архивскиот материјал со рокови за чување, трајниот архивски материјал и архивскиот материјал за уништување, кој изнесува 827,195 метри должни. ЈЗУ Општа болница Охрид, согласно извештајот на Комисијата, се обрати до Архивот на РСМ за добивање согласност за уништување на 827,195 метри должни безвреден архивски материјал, по што се доби согласност за уништување на документираниот материјал за период од 1941 до 2020 година, велат од болницата.
По стекнување на правосилност на решението од Архивот на РСМ, ЈЗУ Општа болница Охрид, склучи Договор за уништување на архивскиот материјал со овластен оператор за подигнување на отпад и негово уништување. Службите на ЈЗУ Општа болница Охрид продолжија со уредување, чистење, осветлување, како и набавка на нови сталажи за чување на архивскиот материјал, а со овој зафат беше решен децениски проблем и се обнови достапноста на архивскиот материјал на болницата за потребите на граѓаните на општина Охрид.


-Изразуваме посебна благодарност до вработените во администрацијата на ЈЗУ Општа болница Охрид, за нивниот несебичен 8 месечен ангажман, со кој беше реализиран овој проект, а истовремено беа заштедени околу пет милиони денари. Исто така изразуваме благодарност до Државен архив на РСМ и Државен архив – Одделение Охрид за нивната поддршка и ангажман околу целиот проект, се вели во соопштението од ЈЗУ Општа болница Охрид.