Skip to main content

Каде е демократијата?

Одбиени два предлози на опозициониот блок во охридскиот Совет. Тоа ги налути советниците од ВМРО – ДПМНЕ, и на само 15 тина минути од почетокот на седницата тие ја напуштија салата.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина,  неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група.  Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот panoskiДејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид.

„Ова е врвот на нарушувањето на демократскиот капацитет на Охрид што го има, ова е врвот на недозволувањето на мнозинството во Советот на СДСМ и Народна, за да не се отворат важни прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид и секако после овој чин навистина ќе биде многу тешко да се вратат демократските капацитети“-подвлече Паноски.

Претседателот на Советот Душко Јаковчеки, смета дека напуштањето на седницата од страна на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, е демократско право и личен чин, но никако не е во интерес на граѓаните на Охрид. Дообјасна дека на денешната седница имало многу важни точки кои се од интерес на јавноста, но политиката ги заслепила советниците на опозициониот блок.

jakovceski

„Гледавте тука имаше двајца пратеници од ВМРО – ДПМНЕ што доаѓаа и внесоа премногу политика во една типична работа што треба да ја вршат институциите на системот. Советот на општината е највисок преставнички дом во општината, меѓутоа тој носи одлуки, а за спроведување на одлуките задолжени се службите и инспекторатите. Но очигледно се сакаше да се внеси премногу политика во работа што е чисто не само интерес туку и потреба на граѓаните, на тоа се надоврзаа со предлогот за интерпелација“, изјави Јаковчески.

 

Напуштањето на седницата е класичен пример на бегање од одговорност, вели координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Според него демократските принципи имаат своја дефиниција, само некој треба да ја знае.

tunte

„Неможе се што ќе им текне за да стават на дневен ред мнозинството ако не го изгласа да се лутат и заминуваат. Денеска имаме 20 точки кои се од есенцијална важност и во најмала рака е несериозно заради неприфаќање на точки на дневен ред да се заминува од седница“.

Како после ова ќе се консолидираат охридските советници, е прашање на кое најверојатно одговор ќе имаме на наредната седница. Едно е очигледно, дека во охридскиот совет врие како во кошница и досегашната атмосфера не ветува компромис помеѓу двата големи политички блока.

{loadposition content9}