Skip to main content

Каде оди мојот град-на трибина запраша ВМРО-ДПМНЕ

Прекумерна урбанизација, презадолжени јавни претпријатија, немање правец во туризмот, ова се само дел од нивните забелешки.

 |  Мишел Наумоски  | 
tribina DPMNE
трибина ДПМНЕ

Каде оди мојот град? Ова е краткото прашање кое го поставија членовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Одговорите кои ги понудија на денешната трибина  беа далеку побројни и пообемни. Се дискутираше за културата, туризмот, функционирањето на локалната самоуправа, урбанизмот.

„На Охрид му требаат промени, кадровски, промени на менталниот склоп, му треба младина која сака да дава, а не да зема од градот.“ -вели Дејан Паноски-советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како клучен проблем во функционирањето на општината тој ги наведе јавните претпријатија.

diskusija tribina DPMNE„Стоиме на ставот дека јавните претпријатија, посебно новоформираните не ја одиграа улогата, барем не онаа улога која што е во интерес на Охрид, можеби нечија друга улога изиграа, меѓутоа нивната политика и начинот на кој се справуваат со проблемите, а тоа секогаш е на сметка на Охрид и охриѓани дали со зголемување на цените, дали со давање на имотот под хипотека, дали со продавање на имотот, не одговара на она што ние го сметаме како визија за Охрид и јавните претпријатија стануваат главните генератори на проблемите и долговната политика на Охрид.“-рече Дејан Паноски-советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Втората точка која членовите на ДПМНЕ ја посочија како причина за состојбите во општината беше претераната урбанизација на градот. Според Горан Патчев од Завод и музеј – Охрид, за да се стави ред потребна е вклученост на пошироката јавност во планирањето на идниот развој на градот.

„И самите сте сведоци на прекумерната урбанизација, меѓутоа јас не би рекол урбанизација бидејќи урбанизацијата секогаш подразбира некаков ред во развојот. Ова што му се случува на Охрид е само една градба на станбени објекти на станови без темелна стратегија демографска, социјална и економска стратегија за развој на градот.“-вели Горан Патчев од Завод и музеј-Охрид.

Покрај овие теми, локалната од своите политички опоненти доби отворени критики и околу општинскиот буџет, патната инфраструктура и неангажираноста околу привлекување на нови инвестиции во градот.

{loadposition content9}