Каде си Адаме документарен филм
Документарниот филм „Каде си Адаме“ е приказ за монашкиот живот во манастир Дохијар на Света Гора. Автор на филмот, е украинскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, а режијата е на Александар Запорошченко. Плиска го снимал филмот за монасите кои се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот четри години, а за време на неговиот десетгодишен престој на Света Гора. Монасите пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието и радоста. Плиска напоменува, филмот нема пораки до гледачите и остава слобода секој да се сретне лично со херојот.
„До таа порака се доаѓа кога нешто ќе не допре. Важно ни беше секој да излезе слободен по гледањето на филмот. Бог не навлегува насилно во нашиот живот.Тој тропа и влегува таму каде што срцето ќе го прифати него“.
Плиска, сподели пред новинарите, колку е воодушевен што филмот „Каде си Адаме“ кој се прикажува во Охрид, во светиот град на Климент и Наум , на тлото од библиската Македонска земја од која бил импресиониран уште од младешките години. Филмот предизвика силен интерес кај охриѓани, истакна Летка Филипова, организатор на филмското прикажување во Охрид .
„Билетите за вечерешната кино проекција се распродадени за 2-3 дена. Голема е заинтересираноста на охриѓани за филмот. Очигледно им недостауваат филмови со духовен карактер“.
Главниот јунак во филмот е Григориј, игуман на манастирот, ведар и харизматичен старец кој со монашко искуство има длабоко разбирање за човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото, кажал дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.
Филмот „Каде си Адаме“ учествувал на неколку филмски фестивали посветени на христијанската култура во Киев , добитник на Гран при, Торонто, Краков и Зајечар