Skip to main content

Кафе во кафулињата, пешаци на тротоарите

Новиот сообраќаен режим ќе стави ред и со урбаната опрема во градов. На хартија се изгледа добро, да видиме како ќе биде во пракса

 |  Јаковлева Лионела  | 
ulica
улица

На тротоарот од Кеј „Маршал Тито“ нема повеќе пиење кафе. Тој ќе си ја врати примарната функција, а тоа е простор за одвивање пешачки сообраќај. Масите и столиците од кафулињата кои се наоѓаат на дел од оваа улица ќе бидат отстранети. Тоа го налага новиот режим на сообраќај со кој после седум години оваа улица во летниот период нема да биде пешачка зона туку сообраќајница.

Зоран Шикалоски, раководителот на секторот за сообраќај и патишта вели дека крајно време е да се ослободат тротоарите и да му се овозможи на сообраќајот да дише.kafana

Искуството од минатите години покажа дека Кеј „Маршал Тито“ во летниот период наместо пешачка зона се претвараше во панаѓур. Поставените тезги од двете страни од кои дел легално дел нелегално, просторот од 14 метри колку што е широк кејот го стеснуваа на шест метри по кои непречено можеа да се движат пешаците. Граѓаните сметаат дека со новиот сообраќаен режим само донекаде ќе се решат ваквите проблеми.



Летово по оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај од кружниот тек на плоштадот до хотелот „Палас“ каде ќе се врти лево и возачите ќе се приклучуваат на улицата „Партизанска“. Еден дел од „Маршал Тито“ ќе биде сообраќајница, на  дел ќе има право паркирање, а еден дел со широчина од осум метри ќе биде оставен слободен за пешачка зона. Тој физички ќе биде одвоен од паркингот. На кружниот тек нема да има паркирање ќе има само транзитирање од 5 часот наутро до 20 часот навечер и тоа на оние возила кои имаат специјални пропусници. Сето ова на хартија изгледа убаво, но останува да видиме како ќе изгледа во пракса

{loadposition content9}