Skip to main content

Како анализите на квалитетот на водата да се достапни секојдневно до граѓаните?

Резултатаите од анализите на квалитетот на водата јавно се објавуваат само во случај кога се констатира лош квалитет, укажуваат од Центарот за јавно здравје. Доколку имаат интерес претпријатијата кои стопанисуваат со водата, тие може секојдневно да го објавуваат квалитетот на водата. Охриѓани пијат квалитетна вода, но не и жителите од околните села, чии месни заедници управуваат сами со месните водоводи.

 |  Валентина Неловска  | 

Од Центарот за јавно здравје посочуваат која е нивна должност при објавување на резулатите од испитуваната вода во градскиот водовод. Во лабораторите на центарот се прават секојдневни физичко-хемиски и микорбиолошки анализи. Светската процедура на објавување на резултатите налага тие да се објават само доколку се откријат отстапувања од законски пропишаните стандарди и нормативи за квалитетот на водата за пиење, нагласува Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Водата не е наш производ за ние да го рекламираме туку регираме само ако таа не е безбедна за граѓаните, вели Точков.

„Ние сме услужна дејност во овој сегмент. Вршиме аналзи и контрола на водата со  која ја стопанисува друг субјект, Проаква со РЕ Водовод Охрид и Струга.Тие  ако имаат интерес резултатите кои ние им ги даваме да ги истакнуваат до јавноста и да се пофалат дека испорачуваат до потрошувачите добра вода. Тоа може да го направат“, посочува Точков.

ЦЈЗ е транспарентна установа, резултатите од анализираните примероци на вода за пиење може да ги стави на увид на јавноста на барање на медиумите и на граѓаните, вели Точков. Анализите засега покажуваат дека охриѓани пијат квалитетна вода, но не и жителите од околните села чии месни заедници управуваат сами со месните водоводи.

„Селските водоводи се посебна приказан на кои укажуваме во последните 20 години дека има отстапки. Во Дебрца , на почетокот од месецов во водта немаше дезинфекционо сртдво и маше матнсот , иформиравме и ситуацијат се санира. НЕ секогаш се одговрни тие што стопансиувата со слекиоте водовосди и тоа разочарувачки.Икао нема голм број жители по слеат и едне д ае по зкаон и устав треба да добива безбедна вода за пиење“, подвлекува Точов.

Во регионов, во изминатиов период било укажувано на променливиот квалитет на водата за пиење и зматенсот и во струшкиот водовод. Веднаш биле алармирани јавното претпријатие и инспекциските служби на подрачните единици на Агенцијата за храна и ветеринарство , напоменува Сашо Точков директор на ЦЈЗ.