Одлучено е како ќе изгледа новата плажа на Охридско Езеро
Избрано идејното решение за изгледот на новата плажа на Охридското езеро во општина Дебрца. На анкетата објавена од Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, избраното решение добило 56 % од вкупниот број гласови.
Избрано идејното решение за изгледот на новата плажа на Охридското езеро во општина Дебрца. На анкетата објавена од Министерството за транспорт и врски на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, избраното решение добило 56 % од вкупниот број гласови. Плажата во должина од 500 метри се наоѓа во атарот на селото Оровник во близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“.
Според избраниот проект ова мало делче од охридското крајбрежје ќе добие атрактивен лик со модерна и помалку футуристичка плажа во доминантна светло сина боја со продолжена платформа за лежалки во водите на езерото и сервисен пунк и шанк на брегот во облик на школка. Уредувањето на плажата е на барање на општина Дебрца а истата ќе се гради согласно највисоките туристички стандарди. Планирана е рамна песочна површина со автохтон песок, зеленило, хортикултурно и партерно уредување со клупи, фонтани за вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Од Министерството за транспорт и врски напоменуваат дека при изградбата на плажата посебно внимание ќе се води да не се наруши еко-интегритетот на околината .Се очекува по завршувањето на сите законски процедури плажата да биде издадена под концесија веќе од следната туристичка сезона.
Плажата ќе биде од големо значење за туристички и економски развој на општина Дебарца и отварање на нови работни места, смета градоначалникот Игор Трајкоски. Но оваа современо уредена плажа е само почеток. Општина Дебрца во иднина планира и уредување на блатото Сини Вирој во близина на Белчишта, како и издавње на одобренија за изградба на винарски визби со кој би се развивал винарскиот туризам.
{loadposition content9}