Како се меси леб
Учениците од VI одделение од ОУ,,Св.Климент Охридски“ остварија посета на АД „ЖИТО- ЛЕБ” во корелација со преметот природни науки.
Учениците од VI одделение од ОУ,,Св.Климент Охридски“ остварија посета на АД „ЖИТО- ЛЕБ” во корелација со преметот природни науки.
Заедно со наставничката Нине Симоновска, учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели печива. Посетија различни погони за производство и пакување на различни видови на леб, апетисани , лиснати теста, кори и ролати и секако познатите охридски варени ѓевреци.
Одговорниот технолог навистина им го привлече вниманието со детално објаснување и демонстративно покажување во самиот процес на производство,притоа одговарајќи на прашањата од љубопитните ученици.
На крајот сите ученици беа почестени со многу вкусни пецива и си заминаа задоволни од посетата,понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења.
{loadposition content9}