Skip to main content

Kако до пари за развивање на рурален туризам?

Охридскиот регион има идеални места за развој на селскиот туризам.

 |  Валентина Неловска  | 
Konferencija
конференција
KonferencijaОхридскиот регион има идеални места за развој на селскиот туризам. Еден таков пример  за интензивен развој на селскиот  туризам се жителите од селото Елшани. Тие инвестираат во  развој на туристичките капацитети, но имаат лоша  патна инфраструктура, по која се доаѓа во  нивното село на само10 километри оддалечност од Охрид. Министерот за земјоделство Љупчо Димоски истакна  подготвеност  да им помогнат на елшанци  да го решат овој проблем. Тоа може да го направат ако до министерството преку локалната самоуправа  достават програма за изградба на пат. Министерот Димоски потенцира дека „ жителите од руралните средини најчесто не знаат како да дојдат до пари за развивање на рурален  туризам. Наша обврска е да им го доближиме начинот и да ги упатиме како да изработат квалитетни програми кои ќе ги достават до Министерството за да добијат средства“.   
И жителите  на село Завој се заинтерсирани за развој на руралниот туризам, па од министерството со нивната политика за развој има интерес да им помогнат. Министерот Димоски потенцира  дека за оваа намена се предвидени 10 милиони евра од 100-те, за развој на стопански неразвиените подрачја во Македонија. Се инвестира во развој на селскиот туризам и во органското производство на храна. Лани, за вакви намени, за  издржани проекти биле искористени 115 милиони евра со тенденција до година износот да се зголеми. Ова беше истакнато на меѓународната  конфрецијата за Рурален развој, на која Охрид е домаќин. Ќе се разменуваат искуства, но ќе се лоцираат и стандардите кои ги имаат македонските рурални подрачја истакнува координаторот на Препаре, Игор Шостер. Препаре е меѓународна организација за партнерство за рурална Европа со цел заедничка меѓународна размена на искуства и помош за развојот на руралните области.  На отварањето на конференцијата во Охрид обраќање имаше министерот  Љупчо Димовски, а учествуваат над 150 ученици од 20 земји.


{loadposition content9}