Skip to main content

Како студираат нашите студенти?

Македонија го ревидира Болоњскиот процес.

 |  Мишел Наумоски  | 
sasho korunoski dekan
сашо коруноски декан

Како студираат нашите студенти? Ова е прашањето кое треба да добие одговор по ревизијата на Болоњскиот систем, или попознатиот ЕКТС систем. Беше најавуван на голема врата низ Европските земји, за многу брзо да стане дел и од нашиот високообразовен систем. Сега, ревизијата се случува и кај нас. Што добија студентите од него, а што изгубија? Колку новиот систем на студирање успеа да го разбуди потенцијалот на македонските студенти, колку им помогна во студирањето, не само во земјава, туку и во странство. Еве што мисли поранешниот студент и сегашен демонстратор на Факултетот за туризам и угостителство, Климент Арнаудов.

kliment arnaudov demonstrator„Во периодот на студентските денови, едноставно во поглед на креативноста и самиот заклучував дека не се дава можност мојата креативност и иновативност да дојде до израз преку спроведувањето на ЕКТС системот. Не дека е лош ЕКТС системот туку практичното негово спроведување не ми го овозможи тоа. Преку пример, во ЕКТС системот се бара да се пополнат поени за да се стигне до што е можно поголема оценка.“-вели Климент Арнаудов-Демонстратор на ФТУ.
Арнаудов додава дека начинот на оценување на самите колоквиуми и понудените можни одговори кои треба да се заокружат, додатно го отежнуваат оценувањето на студентите. Деканот, проф. Д-р Сашо Коруноски вели дека токму Охридскиот факултет е еден од пионерите кои го воведоа Болоњскиот систем. Искуствата вели се и позитивни и негативни. Неговите согледувања, слични како оние на Арнаудов.


FTU

Коруноски вели дека најголемиот проблем на системот е токму активноста на студентите и начинот на кој тие ги добиваат поените. Тој смета дека преоптовареноста на професорите со голем број на предмети во голема мера ги спречува во вистинско оценување и проценување на знаењата на студентите.

Коруноски додава дека можностите кои ги нуди овој систем се големи и пред се им даваат на студентите можност за континуитет во студирањето, додека за професорите пак овозможува мерливост на нивото на образование кое се предава на студентите. Сепак смета дека Болоња е процес кој континуирано мора да се ревидира, за да се пронајде вистинската формула за успешно високо образование во земјава.

{loadposition content9}