Како до заштеда на електрична енергија?
Цената на електричната енергија во иднина ќе расте и нема да се намали. Па оттука се налага потреба граѓаните да бидат информирани за можните начини на заштеда на енергија во домаќинствата, претпријатијата и градежните објекти, а воедно да се запознаат со придобивките од примената на обновливите извори на енергија. Денес на оваа тема во Охрид дискутираа истакати универзитетски професори.
Проблематиката поврзана со енергетиката, една од главните цели во работата на Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ). Проекниот лидер на НВО на МАЦЕФ Јасминка Димитрова Капац, го истакна значењето на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија како важни економски параметри во Југозападниот плански регион на Македонија и регионот Корча во Р. Албанија. Според Капац, граѓаните однапред треба да размислуваат како може да се намали сметката на потрошена електрична, топлинска енергија или горивото во возилото, а не во моментот кога ќе дојдат високите сметки.
„Треба да кажам дека цената на енергија во иднина само ќе расте, значи никогш нема да се намали, затоа што традиционалните извори на енергија еден ден ќе ги снема, значи ќе ни останат за користење овие обновливи извори на енергија вклучително биомасата, водата, сонцето, ветерот“ – вели Капац.
Свое излагање на отворените предавања за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија имаше проф. Славе Арменски од Машински факултет Скопје. Тој ги запозна присутните со значењето на енергијата и истакна дека енергетската ефикасност претставува помала потрошувачка на енергија за истата услуга. Проф. Арменски посебен осврт имаше на значењето на водата од Охридското Езеро, односно како охриѓани треба тоа да го искористат.
„Во светот е хит да се грее со геотермални топлински пумпи. Тоа не е перпетум мобиле, за еден вложен киловат часа електрична енергија во термо печка или греалки добиваме четири, а езерото е тука кај вас значи сите оние кои што се во близина во езерото со еден цевен систем кој се спушта во езерото, зимно време се користи топлина од езерото, а летно време обратно ќе го грееме езерото па ќе доаѓаме повеќе на капење во езерото. Значи еколошки не го загадуваме езерото“-изјави проф. Арменски.
Водечки партнер на проектот е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија“ во партнерство со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Р. Македонија и „Албанија-ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и регионалниот совет на Корча од Р. Албанија. Целта на проектот е да се утврди и зголеми користењето на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион, а е кофинансиран од Европската Унија како дел од ИПА програмата.
{loadposition content9}