Ма какви казни, дај да запалиме по една

Бошалески потенцира дека законот постои, истиот е во функција и ние сме должни да го спороведеме. Секаде каде во моментот на надзорот ќе затекнеме негово кршење, се пишуваат казните. Но, тоа не значи дека ДПИ ќе престане со контролите, напротив се воведуваат дежурни служби кои и во претстојниве празници ќе работат на истата проблематика, дециден е Бошалески. Ништо подобра не е ситуацијата и во Струга. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Струга, Надица Николовска, согласна, овој закон не се почитува во целост.
Изгледа дека ништо не ги плаши нашите угостители. Некои од нив дури се дрзнаа пред новогодишната ноќ отворено да кажат дека нема да го почитуваат овој закон во интерес на посетеноста. Сведоци сме веќе на првите потешкотии во спорведувањето на овој закон кој на хартија многу ветуваше. Но, сепак Македонија е втора земја во Европа по бројот на пушачи. Така, само на годишно ниво, македонците консумираат околу 11 илјади тони цигари, што значи дека во просек, еден македонец пуши по пет и пол килограми цигари годишно. Според овој закон се забранува пушење во одредени јавни простории, рекламирање на цигари, а се уредува и заштитата од штетните дејства на пушењето тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувувањето на здрава животна средина.