Повеќе од извесно е дека и оваа туристичка сезона нема да има уредени плажи на брегот на Охридското Езеро. ТВМ телевизија на оваа актуелна тема организира дебатна емисија во која ќе гостуваат градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, претставници на поранешните концесионери на плажите, поканети се и претставници од министерство за транспорт и врски. За потребите на емисијата важно е да се слушне гласот на народот. Затоа, ве замолуваме, да ја одговорите оваа кратка анкета. Анкетата е анонимна, а резултатите од истата ќе бидат јавно презентирани во најновото издание на емисијата Прашалник.