Skip to main content

ОУ во Калишта без основни услови за децата

Подрачното основно училиште Браќа Миладиновци во село Калишта без основни услови за работа.

 |  Маленкова Татјана  | 
OUBraka Miladinovci - kalista
ОУ Браќа Миладиновци – Калишта

Наместо децата во него да почувствуваат топло катче за работа, тие во него се здобиваат со вируси, бактерии и други зарази. Наместо под – изгниени штици, наместо таван – дупки, нема вода во тоалетот, влага во цементот… се само дел од непријатностите со кои секојдневно се соочуваат 24 те деца кои се образуваат во оваа установа.

Родителите на децата крајно револтирани од игнорантскиот однос на надлежните, денеска се состанаа, но OUBraka Miladinovci - kalistaи заканија, доколку не се превземи ништо и доколу не се подобрат условите за работа, велат дека ќе протестираат.    

„Поубо дома да си ги земиме децата, затоа што условите ни се најквалитетни за да не ни се разболат во овие услови. Вие гледате дека овде можат да добијат некоја болест некоја зараза.Дополнителен проблем имаме и во зиме. Донесовме три кубици дрва, а се потпишаа како да се 25“, вели родителот, Менди Аљуши.
„Ова школо е старо 80 години. Сега овие кажуваат само лаги. Јас на седница му реков на директорот колку години си директор 7 -8  а ништо не си направил за ова школо. Ништо.  Само разговори и лажни муабети“, вели родителот Урим Неструфи.
„Барањата неши ќе бидат поагресивни, затоа што овој проблем гледаме дека се провлекува. Ние како жители на селото плаќаме даноци на државава, а државата за нас нема исплатено ниту денар. Политичарите ветуваа и дојдоа само да ги земамат гласовите, но не излажаа“, вели родителот Неџми Мустафаи.

Дека во училиштето нема основни услови за работа признава и директорот на ОУ Браќа Миладиновци – Струга, Агни Неџипи.  „Проблемите во ова училиште се големи, не во кадарот,  туку во инфраструктурата. Училиштето е во тешка инфраструктурна положба“, признава директорот.

„Јас како директор со раководителот од ова подрачно училиште и со другите двајца наставници зедовме обврска дека во рок од 10 дена  ќе стапиме во контакт со претспоставените на ниво на општина и ќе ги информираме родителите кои беа на овој состанок што е превземено и кои ќе бидат одговорите од наша страна“, вели директор на ОУ Браќа Миладиновци – Струга, градоначалникот“, вели директорот на ОУ Браќа Миладиновци, Агни Неџипи.

Директорот открива дека во 2002 имало обид овие проблеми да се надминат, со тоа што биле поставени темели за нов објект. Но од објектот 10 години подоцна останати се само темелите. Неџипи додава дека досега единствено нешто што е променато на објектот стар 80 тина години е кровот кој е променет благодарение на донацијата на Француската амбасада. Директорот додава дека повеќепати за проблемите OUBraka Miladinovci - kalistaразговарал и со локалната самоуправа, но ставот е дека локалната нема пари и дека мора да се аплицира до министрството за образование поточно до секторот за капитални инвестиции затоа што вредоста на објектот е голема.

„Вистина подрачното училиште во село Калишта има лоши услови. Општината има свој буџет за инфраструктури за помали работи а што се лсучи во последниве неколку години. Сите пари кои ги пуштаме како локална власт во школите им ги земаат превозниците или пак претпријатијата кои ги снабдувале со нафата или превоз затоа што имаат блокирани жиро сметки. Ова училиште беше исклучено и од струја. Јас во овие последни два месеци постојано апелирам до министрствот наменските средства да не ги намали  и да не сослуша затоа што сме во голема финансиска криза“, вели раководителот на секторот за образование Џејми Хајредини.

Хајредини додава дека во прва прилика што општината дојде до парични средства, тогаш приоритет ќе биде ова подрачно училиште. Хајредини не пропушти уште еднаш да ја информира јавноста дека општина Струга должи околу 600 илјади евра, кон снабдувачите со огрев и на превозниците кои ги пренесуваат децата од село кон град и обратно.

{loadposition content9}