Skip to main content

Во Калишта ќе се гради ново училиште

Жалбите на жителите на Калишта стигаа до заменик министерот за образование,Сафет Незири.

 |  Маленкова Татјана  | 
OUBraka Miladinovci - kalista
ОУ Браќа Миладиновци – Калишта

Владата ќе гради ново училиште во Калишта, со што маките на родителите и децата кои учат во оваа руина ќе станат минато. Со ова уште еднаш се покажа дека доколку се сака нешто, истото може да се добие само со здружени сили. Отако заменик министерот се увери во фактичката состојба на училиштето, беше крајно искрен и рече дека „Човек може да се наежи од она што го гледа и од оваа состојба во која учат децата“.

„Ова го нема ни во Африканскиот континет, а не камоли во Европа. Ние сега ќе отпочнеме со сите процедуриzamenik minister za obrazovanie и законски предвидени постапки што е можно побрзо да направиме проект и да ги внесеме во програмата за изградба на нови училишта. И ова училиште ќе биде меѓу тие со предимство за да им овозможиме на овие деца да се школуваат и образуваат како нивните врсници низ целава земја. Кон ова прашање ќе имаме сериозен пристап“, вели заменик министер за образование, Сафет Незири.

И раководителот на секторот за образование при локалната самоуправа во Струга, Џејми Хајредини потврдува дека ќе направат се на децата да им овозможат нормални услови во кои ќе следат настава.

„Ова е една одлична комуникација помеѓу локалната власт, министрството, школото,  медиумите и родителите. Да им излезиме во пресрет на родителите и на децата да учат во нормални услови. Фала до сите медиуми кои влијаевте на министрството за да добиеме одговор кој за скоро ќе биде позитивен. Ние навиваме за ново училиште, затоа што имаме услови, темели,   стубови и затоа би отишле на таа варијанта, отколку да инвестираме во старото училиште и старата градба, која не држи ништо“, вели Џејми Хајредини,раководител на секторот за образование во Струга.

Родителите на децата кои учат во подрачното училиште Браќа Миладиновци во Калишта не се задоволни од OUBraka Miladinovci - kalistaветувањата на министерот. Тие во посетата гледаат друга заднина.

„Како што јас гледам овие овде се дојдени да го затворат ова школо. Ние баравме реновирање, а тие велат  ново. Овде е голема игра за да се затвори ова школоо и децава да ги однесат во Струга. Иско како и во Подгорци“, вели родителот Урим Неструфи.

Претседателот пак на Советот на Родители Менди Алуши открива дека родителите во никој случај нема да дозволат децата да се пренесат и настава да следат  во други училишта во Струга.

„Став на родителите… не се сложуваме со минстерот, дека децата може да ги пренесуваме во други училишта ние не ги пуштаме децата од ова училиште, па макар и да неучат.  Нашите деца се толку мали, што ако владата ни гарантира за тие шест годишни деца дека нема ништо да им се случи нека дојдат да се потпишат па ќе ги пуштиме и Скопје ако треба, но секој ден да ни враќаат дома“, вели претседателот на СР,  Менди Алуши.

Останува да видиме дали министерството, советот на родители, управата на училиштето и локалната самоуправа ќе се договорат дали децата ќе останат во училиштето и ќе чекаат да се изгради ново, или пак доколку се процени дека старата зграда нема никакви услови за деца тогаш да им се овозможи транспорт до најблиските училишта каде се одвива наставата на јазикот на кој учат.

{loadposition content9}