Skip to main content

Камен и песок се депонираат на брегот на Охридското Езеро

Од Општина Охрид за ТВМ велат дека ќе постапат согласно своите надлежности и законските ингеренции.
 |  инфодеск  | 

На самиот брег на Охридското Езеро, покрај пешачката патека Студенчишта, помеѓу два угостителски објекти, изминативе неколку дена се депонира кршен камен и песок, а просторот е обележан со заштитни ленти. Засега нема информации што се планира да се гради на локацијата, ниту кој го депонира градежниот материјал.

Од Општина Охрид за ТВМ велат дека ќе постапат согласно своите надлежности и законските ингеренции.

-Надлежните служби ќе ги преземат потребните активности за утврдување на фактичката состојба на терен, по што, доколку се утврди потреба, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно важечката законска регулатива, велат во одговорот од локалната за ТВМ .

Од Општината не прецизираат дали за активностите на оваа локација е побарано или издадено соодветно одобрение.