Камион се преврте пред селото Опеница
Утрово пред селото Опеница се преврте камион.
сообракајка
Неприлагодена брзина на патот, најверојатно е причина за сообраќајната несреќа која се случи утрово на магистралниот пат Охрид – Ресен кај селото Опеница и кога се преврте камион со полу приколка со охридски регистарски таблички, сопственост на ДОО „Отпад Охрид“.
Несреќата се случила во 09.00 часот, по што сообраќајот беше со повремени преќини, се додека камионот не беше подигнат со специјално возило – дигалка.
СРВ веднаш излезе на лице место, со цел да ги утврди причините за несреќата.
По неколку часа текот на сообраќајот на оваа делница беше нормализиран.
{loadposition content9}