Skip to main content

Македонија2025

Камп за високо-технолошка извонредност во Охрид

Објавен повик за стипендии за учество на камп за високо-технолошка извонредност кој ќе се одржи во месец јули во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Камп охрид

Македонија2025 го објави отворениот повик за стипендии за учество на второто издание на Охрид камп за високо-технолошка извонредност, кој ќе се одржи од 9 до 16 јули во Охрид.

Охрид камп е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање и роботика. Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи). Програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење и е испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи.

Основна цел на програмата е младите (од 11-15 години) да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите македонци од земјата и дијаспората да создаваат мрежи, да воспоставуваат пријателства, да ја зајакнат и да ја градат македонската култура.

Kампот, како и минатата година е под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Наши досегашни партнери и поддржувачи се: Американската амбасада во Северна Македонија, МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, Young Engineers, Brainster, iSourse, Охридско лето, Алкалоид и индивидуалци кои ја поддржуваат нашата мисија.

Повеќе за програмата, критериумите за аплицирање и споделените искуства на учесници од минатат година може да најдете на следниот линк

Краен рок за поднесување на апликациите е 5 мај.