Skip to main content

Грижата за паркот е заедничка обврска

Кампања на НП Галичица во средните училишта

Кампања на Националниот парк „Галичица“ во средните училишта во охридскиот регион, под наслов „Грижата за паркот е заедничка обврска“.
 |  инфодеск  | 
Галичица

Од 6-ти до 15-ти декември Националниот парк „Галичица“ заедно со млади ентузијасти, пријатели на паркот ќе воведат неколкудневна кампања, каде ќе ги едуцираат младите за важноста на континуираното спроведување на еколошка едукација во училиштата, поттикнувајќи ги на размислување како до подобрување на моменталната состојба во однос на заштитата на животната средина.

Кампања

Ќе ги посетиме сите средни училишта во Охридскиот регион каде преку дружба и дискусија ќе бидат опфатени повеќе значајни теми: Природни и културни вредности во НП Галичица, Дозволени и забранети активности во НП Галичица, Закани со кои се соочува НП Галичица, Начин на работа и управување на НП Галичица, Туристички активности во НП Галичица, Како да се поттикнат младите да поминуваат повеќе време во природа? Како можеме да придонесеме за развојот на туризмот во НП Галичица? Најнови и најатрактивни активности во НП Галичица? Каква е работата на Ohrid red cross – Mountain Rescue Service? Што можете да добиете од НП Галичица? Покрај овие теми ќе бидат дискутирани уште многу други слични содржини преку кои ќе им докажеме на младите дека „Грижата за паркот е заедничка обврска“ – информираат од НП „Галичица“.

Кампања
Кампања
Кампања