
„Да ја заштитиме сите заедно животната средина“ е кампања која ја спроведува ЈП „Охридски Комуналец“ во соработка со Општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерството за животна средина изготви промотивни видеа за заштита на животната средина и начин на рециклирање на комунален отпад, а во соработка со општината и Ј.П.,,Охридски Комуналец„.
Го споделуваме видеото за правилно селектирање на комуналниот отпад зошто тоа е првиот чекор кој треба да го направиме.
ПОЗИТИВНАТА ПРОМЕНА ЗАПОЧНУВА ОД ТЕБЕ, порачуваат од ЈП „Охридски Комуналец“.